Како дел од активностите на Општинскиот совет за превенција од детско
престапништво, на ден 17.12.2024 година во нашето училиште се одржа предавање на
тема „Безбедноста во сообраќајот“. Предавањето го одржаа претставници од СВР
Велес, а на истото присуствуваа учениците од четврта година.
Присутните ученици ги поздрави професорката Весна Павлова, претставник од
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес во Општинскиот совет за превенција од детско
престапништво. Со студиозно предавање за безбедноста во сообраќајот,
претставниците од СВР Велес ги запознаa учениците со можните ризици и негативното
влијание врз средината, доколку не се почитуваат собраќајните правила како учесници
во сообраќајот. Ги запознаа и со законските мерки кои возачите како почетници во
сообраќајот треба да ги почитуваат, како и со постапките и санкциите кои се преземат
против лицата кои го загрозуват сообраќајот. Учениците искажаа задоволство од
одржаната средба, затоа што се запознаа и добија насоки за значењето на нивната
безбедност и безбедноста на другите во сообраќајот.