„Да се запре насилството во училиштата“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

„Да се запре насилството во училиштата“

На ден 26.02.2018 година со почеток во 13.30 часот ученици од трета и четврта година од нашата Гимназија имаа можност да присуствуваат на предавањето од страна на претставникот од Секторот за внатрешни работи – Велес, од Отсекот за превенција, началник Верољуб Додевски.

{besps}stories/ucebna2017_2018/violence/sliki{/besps}

 

Предавањето имаше за цел да ја подигне свеста кај младите за меѓусебно разбирање и почитување. Темата беше „Да се запре насилството во училиштата“.Началникот од отсекот за превенција пред присутните ученици проговори за поимите: превенција, насилство, за видовите насилства: физичко и психичко, како и за поимот вандализам.

 

Тој на учениците преку соодветни примери се обиде да им ги презентира погоре наведените поими.

 

Исто така тој истакна дека насилствата во голема мера придонесуваат кон глобална бројка на повреди, инвалидитет и предвремени загуби на младите. Токму затоа, тој потенцираше дека младите личности мора да бидат потолерантни во секојдневната комуникација со своите врсници и своите професори, секогаш да бидат внимателни, разумни и трпеливи при комуникацијата со други личности.

 

 

Одговорни професори: Љубица Темелковска, Бошко Караџов

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den