Ја продолжуваме традицијата за организирање на пригодна програма по
повод католичкиот Божиќ. Овој настан е дел од низата активности по
повод Патрониот празник на училиштето. Божиќната претстава ,,Christmas
play” се одржа на 18 декември 2024 година во организација и реализација
на учениците од билингвалната паралелка. Со големо задоволство ним им
се приклучија и учениците од останатите паралелки. Програмата беше
збогатена со музички точки во кои беа вклучени, како новогодишни, така
и други популарни мелодии, глума, рецитал и стенд ап. Целта на овој
настан е запознавање со традициите, јазиците и културата на
одбележувањето на Божиќ кај различни народи. Со оваа програма
учениците ја покажаа својата почит, љубов и огромната посветеност кон
изучувањето на странските јазици. Одржувањето на овој настан беше
координиран од професорките: Благица Аризанова Шопов, Жанет Јанев –
Сарагиновски, Билјана Миланова и Јулијана Михова.