Одбележување на Денот на крводарителството
На 17 март ООЦК – Велес во Народениот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес, свечено го одблележи Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството. По тој повод на пригодната свеченост претседателот на општинската организација, д-р. Милчо Трајков се обрати пред присутните, говорејќи за значењето, работата и волонтерството во Црвениот крст.
На свеченоста беа доделени благодарници на посебно ангажирани правни субјекти и крводарители кои дарувале педесет, седумдесет и пет и сто пати крв.
{besps}stories/ucebna2017_2018/crv_kr/sliki{/besps}
На оваа свеченост благодарница за волонтерство во крводарителството на Црвениот Крст – Велес за оваа година и беше доделена на Елизабета Николовска, професор по биологија при СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Се надеваме дека хуманоста секогаш ќе има приоритет во нашето училиште преку соработка и поддршка на Црвениот Крст од Велес и со заеднички сили да се продолжи по хуманиот пат со цел да им помогнеме на оние на кои им е потребна нашата помош.
Одговорни професори: Елизабета Николовска, Петре Петрушевски