На 31.1.2025 година, се одржа општинскиот натпревар по наставниот предмет
Математика за учениците од средните училишта во градот. Учениците кои учествуваа на
на натпреварот од нашето училиште постигнаа солидни резултати.
Учениците од прва година ги постигнаа следниве резултати: Димитар Кузманов од I-1
клас, III награда, Лука Андреев и Матеја Стефановска од I-2 клас, III награда.
Учениците од втора година се наградени со втора и трета награда: Андреј Цецев, Теона
Гаштарска од II-1 клас, III награда, Бојана Мицевска од II-2 клас, II награда и Малена
Настова од II-4 клас, III награда.
Учениците од трета година ги постигнаа следниве резултати: Матеј Ѓорѓиев, II награда,
Тодор Пљаков од III-2 клас, III награда, Андреј Солев од III-3 клас, III награда и
Викторија Панзова од III-4 клас, II награда.
Честитки на учениците за постигнатиот успех!
