Денес учениците од СОУ„ Гимназија Кочо Рацин“ со гордост ја поддржаа иницијативата на
општина Велес за организирање на Осмомартовскиот средношколски марш. Тие маршираа
заедно со средношколците од другите средни училишта од нашиот град, со цел да се подигне
свеста за еманципацијата на жената и да се почитуваат начелата за одбележување на 8 Март
Меѓународниот ден на жената.
