Екскурзија I година
Нашето дружење започна кога се сместивме во автобусите и тргнавме кон Битола. Најпрво го посетивме античкиот град Хераклеа Линкестис којшто се наоѓа во непосредна близина на градот Битола. Овде, имавме предавања од водичот кој ни раскажуваше и објаснуваше за сите седум објекти во локалитетот. Одтука се упативме кон инфоцентарот на Националниот парк Пелистер.
Тука успеавме да видиме и да слушнеме за различната флора и фауна во околината. По некое време, заминавме во градот и имавме слободно време да го прошетаме познатиот Широк Сокак и да ги разгледаме убавините на градот Битола. По неколкучасовна прошетка се вративме во автобусите и тргнавме кон Велес, иако уморни ,сепак бевме радосни и задоволни.