ОБУКА ВО ПРАГА,ЧЕШКА „ИНОВАТИВНИ ПРИСТАПИ ВО НАСТАВАТА„
Во периодот од 21.5.2018 – 25.5.2018 година во Прага,Чешка ,Елисавета Миткова Жабев професор по психологија и Ангелина Додов професор по физика при СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес,земаа активно учество во Европскиот проект “Иновативни пристапи во наставата”, организиран од страна на Erazmus + во соработка со Интернационален тренинг центар во Прага.
На обуката учествуваа наставници од четири држави и тоа:Турција,Шпанија,Словачка,Финска вклучувајќи ја и Македонија.Тренерите на обуката беа од Индија и Словачка.
За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:
-работилници за критичко и креативно мислење;
-ИКТ алатки,како се користат и креираат;
-користење на ИКТ алатки за оценување;
-работилници за метапознавање;
-формативно и сумативно оценување,рубрики,чек листи и самооценување;
-работилници за справување и работа со мултикултурни класови
-посета и разглед на градот со водич организирано од страна на организаторите
Целта на обуката беше запознавање на колеги од различни земји и националности,разменување на лични искуства,начини на предавање и комуникација со учениците,креирање на настава преку запознавање и користење на теоретски и практични модули и вештини на 21 век.