Реализирана традиционалната пролетна крводарителска акција во СОУ Гимназија “Кочо Рацин” – Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Гимназијата во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, ја организираа традиционалната пролетна  крводарителска акција, која се одржа во нашето училиште на 15 април 2025 година. На истата својата крв ја даруваа дваесет и два ученика, дел од професорите и  соработници на Гимназијата. Седум ученици даруваа првпат, така што официјално станаа крводарители и се вброија во најхуманата заедница. Учениците и професорите уште еднаш ја покажаа својата хуманост да ја даруваат својата крв и да спасат нечиј живот. Благодарност до сите учесници во оваа акција која продолжува со својата традиција.
Одговорен професор: Зоран Јованов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den