ИНКЛУЗИЈА НАСПРОТИ ИНТЕГРАЦИЈА
На 22 октомври 2018 година, во просториите на училишната библиотека се одржаа предавања за учениците од прва година на тема : „Инклузија наспроти интеграција во воспитно-образовниот процес“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/inkluzija/sliki{/besps}
Презентери на предавањето беа учениците од III-4 клас: Лора Ангеловска, Меги Стевковска, Марија Ќимова, Николина Грујова и Флора Реџепи. На предавањето учениците од прва година се запознаа со двата образовни концепти: инклузивниот и интегрираниот и ги увидоа разликите помеѓу двата концепта. Се запознаа со тоа, кои ученици со посебни образовни потреби влегуваат во македонскиот модел на инклузивно образование и на кој начи овие ученици ја следат наставата во редовното образование.
На крајот од предавањето се испратија следниве пораки:
„ИНКЛУЗИЈАТА Е ПРАВО, А НЕ ПРОБЛЕМ!“
„ПРИФАТИ ГИ УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ И БИДИ НИВНА ПОДДРШКА!
Училишен дефектолог: Ленче Перчинковска