На гостувањето на Мартина Димовска, првиот македонски аналоген астронаут, во Европската куќа во Велес, присуствуваа и ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес. Пред учениците таа ја раскажа сопствената приказна за тоа како од дипломец на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, успеала да стигне во НАСА и да се занимава со професијата што навистина ја сака. Преку меѓународни стипендии и програми го проширила своето знаење во аеронаутичкото инженерство, комерцијалните вселенски студии и вселенската политика. Нејзините истражувања фокусирани на технологијата за 3D печатење на Месечината и иднината на сателитските комуникации и овозможиле да биде дел од најдобрите во светот за вселенските иновации.
