Научно–наставната екскурзија за учениците од трета година се реализираше
на релација Велес – Будимпешта – Виена – Венеција – Белград.
Секое патување, ново доживување.
Поаѓањето на групата беше на 27.4. во попладневните часови, упатувајќи се
кон Будимпешта, со ноќно возење, попатни одмори и царински формалности.
Во раните утрински часеви на 28. 4. групата пристигна во Будимпешта. Беа
посетени повеќе знаменитости со локален водич – Плоштадот на хероите,
Базиликата Св. Стефан, Цитаделата со прекрасна панорама на градот. Потоа
продолживме со сместување во хотелот „ Премиум Апартмани “. Во вечерните
часови се реализираше ноќно крстарење со брод по Дунав.
Следниот ден на 29. 4. во утринските часеви патувањето продолжи кон Виена.
Во оваа метропола беа посетени со локален водич дворците „ Белведере” и „
Шенбрун” , плоштадот „Рингштрасе “, палатата Хофбург, Парламентот,
Виенската опера и катедралата Св. Стефан. Вечерта учениците беа сместени
во хотел „Оекотел” во Виена. На 30.4. екскурзијантите се упатија кон Италија,
односно Лидо де Јесоло и прeстојуваа во хотел „ Атене “. Следното утро на 1.5.
патувањето продолжи кон Венеција , позната како „ град на каналите”. Таму се
придружи локален водич на групата. Беше реализирана прошетка низ
„Заспаната убавица од средниот век” , плоштадот и црквата Сан Марко, мостот
на воздишките, Дуждовоата палата , каналот Гранде. Патувањето продолжи
кон Палма Нова и потоа во ноќните часови беше посетен и Трст. Ноќното
патување продолжи со попатни паузи кон Србија. Во раните утрински часеви на
2. 5. групата пристигна во Белград. Беше изведен панорамски разглед на
градот во придружба на локален водич, потоа се посети Калемегдан, улицата
Кнез Михајлова и Скадарлија. Во попладневните часови учениците беа
сместени во хотел „ Србија “. На 3.5. во утринските часови после напуштањето
на хотелот патувањето продолжи кон Велес, каде што групата пристигна во
вечерните часеви. Тука заврши нашата прекрасна приказна, наречена ученичка
екскурзија.
