На државното првенство за тенис кое се одржа на 6 Мај, во Кавадарци, од Гимназијата учествуваа ученичките Нина Крстевска и Ања Трајковска. Ученичката Нина Крстевска го освои петтото место, а ученичката Ања Трајковска четвртото место по несреќно изгубен тајбрејк за трето место на турнирот.
Честитки до ученичките за прикажаната игра и за доброто претставување на Гимназијата.
Одговорни профеори:
Мартин Димов
Славчо Давитковски