ТЕОРЕТСКА И ПРАКТИЧНА НАДГРАДБА НА ПРЕДМЕТНИТЕ ПРОГРАМИ ОД ФИЛОЗОФСКИОТ КОРПУС ПРЕДМЕТИ
Во рамките на проектот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ насловен: „Теоретска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (филозофија, логика, етика и естетика) за средно образование“, кој го спроведува Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет, на 26 октомври 2018 година, беше одржан семинар за наставниците од средните училишта во Република Македонија кои ги реализираат и спроведуваат предметните програми од филозофскиот корпус предмети.
{besps}stories/ucebna2018_2019/filozof1/sliki{/besps}
На семинарот, како преставник на Гимназијата, учестуваше предметниот наставник д-р Бошко Караџов, кој ги сподели педагошките искуства од спроведувањето на овие предметни програми во Гимназијата и предложи нови дидактички насоки и методички содржини во однос на потребата од теоретска и практична надградба на предметните програми од областа на филозофијата.