РАБОТИЛНИЦА ЗА НАТПРЕВАРИ
На 26 октомври 2018 година, во 10 часот, во просториите на ПМФ – Скопје, од страна на Македонското биолошко друштво, се одржа 5. Работилница за спроведување натпревари по биологија за средни училишта.
На работилницата на дневен ред беа: Извештајот за реализираните натпревари во 2018 година; Известувањето за подготовките и селекцијате на учениците за учество на Меѓународна олимпијада по биологија (IBO) 2019 и постапките за идни селекции, разгледувањето на предлози за организирање и спроведување на натпреварите по биологија во 2019 година: пријавување на учениците за натпревар (број), критериуми за селекција на учесниците за следно ниво на натпевари и организација за прегледување тестови како и Информацијата и образложението за воведување на нов тип прашања во тестовите за следните натпревари.
Учество земаа повеќе наставници од средните училишта, од разни градови, се разменуваа искуства од предходните натпревари, се даваа нови сугестии, како и нов вид прашања со кои би се подготвиле учениците за Меѓународната олимпијада.
Одговорeн професор, Елизабета Николовска