На ден 12.5.2025 година, Гимназијалците го посетија Саемот на книгата и се запознаа со најновите изданија на
македонските издавачки куќи, како и со големиот број на странски изданија, научна и стручна литература, белетристичка, графички романи, манги и сл. Учениците имаа можност да ги пополнат нивните полици со изданија кои го предизвикаа нивното читателско љубопитство.
Посетата беше во насока на негување и развивање на литературниот вкус и културата на читање на нашите ученици. Истата беше во организација и под менторско водење на наставниците: Б.Аризанова – Шопов, Ж. Јанев – Сарагиновски и Б. Караџов.