Презентација на Гимназијата пред деветтоодделенците во ООУ„Блаже“ Конески“ – Велес
На 22 мај 2025 година, нашето училиште беше претставено пред родителите и
учениците во ООУ „Блаже Конески“ – Велес. Учениците: Кристијан Мартинов, Изабела
Жабева, Лана Басаров и Димитар Кузманов, ги запознаа деветтоодделенците и
нивните родители со можностите и перспективите кои им ги нуди гимназиското
образование. Се истакнаа посветеноста и мотивираноста на Гимназијaлците кои
секогаш резултираат со успех преку учество во натпревари, квизови, литературни
конкурси, спортски активности, театарски претстави, ликовни изложби, музички
настапи, како работата на повеќе проекти.
Предизвик за идните Гимназијалци е новата билингвална паралелка со настава на
мајчин македонски и англиски јазик.
Нашите ученици на идните средношколци им го претставија средношколскиот живот и
училишната клима во Гимназијата со цел да им помогнат полесно да донесат решение,
да изберат и да станат ученици на Гимназијата.