Гимназијалците ја претставија нашата Гимназија на јубилејната програма под мотото: ,,Почит кон минатото – инспирација за иднината”. Свој настап имаа учениците Лана Басаров и Кристијан Мартинов кои преку својата интересна интерпретација ги поттикнаа гостите со нетрпение да очекуваат да присуствуваат на утрешниот настап со претставата ,,Штрајкот на велешките Гимназијалци” заедно со учениците: Филип Настов, Изабела Жабева, Ива Ракиџиева и Матеј Славески. На манифестацијата.Учениците имаа чест да се сретнат со еден од иницијаторите на овој настан, познатиот актер, Игор Џамбазов и да ги споделат своите искуства како актери од нашата Гимназија. Подготовката за настанот и организацијата на истиот е под менторство на професорките Цветанка Карамаркова и Весна Павлова и директорот Илија Попов.
