СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во чест на 62. Рацинови средби пристапи кон нивно чествување.
Делегација од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, вчеравечер се поклони и положи свежо цвеќе во спомен – костурницата и пред споменикот на Рацин во дворот на училиштето.
Голем великану, секогаш и секаде, бесусловно и со голема почит се навраќаме на твоето име, потсетувајќи се на големината и посвтеноста твоја, на твоето дело и твојата беспрекорна и неповторлива појава. Почивај во мир голем човеку.