Завршна конференција „Растеме заедно: достигнувања, искуства и идни чекори“ Europe House, Скопје

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 25 јуни во  „Европска куќа” Скопје се одржа завршна конференција во рамките на проектот „РАСТЕМЕ ЗАЕДНО : ОПШТИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ДЕЦАТА”. На истата беа презентирани резултатите ,извадоци од снимени подкасти: клучни теми споделени со децата.Подкасти снимија нашите ученици   Михаил Здравковски од I – 2  клас, Јана Пљокова од III – 1 клас и Кристијан Мартинов од III – 3 клас.Имено децата да го искажат своето мислење, искуства и предлози поврзани со детските права ; безбедноста во нивната заедница; идеи за подобра иднина за сите деца.

Преглед на влијанието од проектот развиените стратегии и клучните резултати беа споделени преку заложби за планирање во интерес на децата. Гласот на децата се слуша !

Оваа завршна конференција ја отвори со личен вовед во улога на модератор, нашата ученичка Јана Пљокова.

Децата споделија што значи проектот за нив и како го зајакна нивниот глас ,а еден од говорниците беше и нашиот ученик Кристијан Мартинов .Водеа разговори и креираа пораки кои сакаат да ги слушне јавноста.

Децата имаат што да кажат , а ние треба да слушаме!

 

Одговорен професор

Александра Стојановска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den