НАГРАДЕНИ ТВОРБИ НА ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ НА ТЕМА: „РАЦИНЕ, ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“
Поттикнати од сознанието дека императив на модерното време е потребата од знаење на повеќе јазици, неколку години наназад, ги мотивираме младите творци да создаваат на некои од странските јазици кои ги изучуваат. Младите поети и прозаисти, инспирирани од ликот и делото на Рацин, оваа година создаваа на темата на литературниот конкурс: „Рацине, во срце те носиме“. И оваа година учениците се потрудиле да создадат успешни творби на англиски, француски, германски и руски јазик. Наградите на учениците им ги додели директорот на Гимназијата, г. Гоце Алексоски.
{besps}stories/ucebna2018_2019/lit_jaz/sliki{/besps}
Во категоријата творби на англиски јазик доделени им се награди на следните ученици:
Прва награда за поетска творба – Никола Трендафилов, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Филимена Костова.
Втора награда за поетска творба – Сара Таратакова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Соња Трајчева.
Третата награда за поетска творба ја поделија: Ајла Лековиќ, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Оризари, ментор – Амра Калач и Стефанија Јакимовска, ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ – Иванковци, ментор – Маринела Пановска.
Прва награда за прозна творба – Сандра Јованова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Мимоза Костоска.
Втора награда за прозна творба – Јане Желков, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Мимоза Костоска.
Во категоријата творби на француски јазик од средните училишта, доделени им се награди на следните ученици:
Првата награда за поетска творба ја поделија: Талија Ѓорѓиева, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Билјана Миланова и Тамара Трајановска, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Љубица Темелковска.
Втора награда за поетска творба – Ангела Петрова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Билјана Миланова.
Трета награда за поетска творба – Николина Грујова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Билјана Миланова.
Во категоријата творби на француски јазик од основните училишта, прва награда и е доделена на Елена Џунова од ООУ „Васил Главинов“, ментор – Менче Ѓуровска.
Во категоријата творби на германски јазик од средните училишта, доделени им се награди на следните ученици:
Прва награда за поетска творба – Сара Таратакова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Биљана Цветкова-Величковска.
Втора награда за поетска творба – Сања Трајковска, ССОУ „Јовче Тесличков“, ментор – Филип Миланов.
Во категоријата творби на германски јазик од основните училишта, доделена и е трета награда за прозна творба на Марија Масинова од ООУ „Васил Главинов“, ментор – Сарита Стојанова.
На руски јазик ни пристигна само една творба од Василиса Петрушевска од ООУ „Петар Поп-Арсов“ од Извор.Ја пофаливме Василиса за нејзиниот ентузијазам да твори на овој јазик. Нејзе и на нејзиниот ментор Панче Ташковски им доделивме благодарници.
Програмата ја водеа учениците: Лазар Тодоров и Марија Атанасова.
Одговорни професори: Соња Карбева, Цветанка Карамаркова
——————————————————