Градоначалникот Аце Коцевски во посета на Гимназијата на час по Бизнис и претприемништво
На 6.02.2019 година на покана на професорката Aнисија Мајнова, нашата Гимназија ја посети градоначалниот на општина Велес, господинот Аце Коцевски, но овој пат во улога на бизнисмен и сопственик на ДООЕЛ „Афион“. Тој на часот по Бизнис и претприемништво учениците од четврта година ги запозна со својата животна приказна, потсетувајќи се на детските и тинејџерски денови, студентскиот живот, работните позиции на кои се наоѓал, работата како градоначалник и секако улогата на сопственик на ДООЕЛ „Афион“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/kocevski/sliki{/besps}
Учениците на часот на господинот Аце Коцевски имаа можност да му постават прашања од областа на бизнисот и претприемништво, но и надвор од темата, а тој многу искрено, со лични примери и мудри совети им одговараше на поставените прашања.
Часот ја постигна својата цел, учениците се запознаа со начинот на водење бизнис со личен пример. Ваквите искуства и часови ќе продолжиме да ги релизираме на часот по Бизнис и претприемништво бидејќи истите им помагаат на учениците во нивните понатамошни животни определби, можеби и тие еден ден ќе се најдат на врвот на листата на успешни бизнисмени и стопанственици.
Одговорeн професор, Анисија Мајнова