Час по пилатес и степ – аеробик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
По повод месецот посветен на „Жените и спортот“, активот по Спорт и спортски активности организираше час по аеробик и пилатес за ученичките од Гимназијата. Забавно, интересно, со многу насмевки и позитивни впечатоци се реализираше една од активностите во која во голем број беа вклучени ученички од нашето училиште. Секој ден е можност за запознавање со нови активности, нови вежби и применување на здрави навики што  ни се потребни во секојдневниот живот. Продолжуваме со исто темпо и во иднина, пред се  во интерес на учениците и Гимназијата.
Актив по Спорт и спортски активности

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den