ЈАС БЕВ, ЈАС СУМ И ЈАС ЌЕ БИДАМ УЧЕНИК ВО ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЈАС БЕВ, ЈАС СУМ И ЈАС ЌЕ БИДАМ УЧЕНИК ВО ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“

Во рамките на активностите предвидени за промовирање на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, а во пресрет на новата учебна година, на 11 март во просториите на Народниот театар „Ј.Х.К. – Џинот“, Стручниот актив по македонски јазик и литература, реализираше отворен час на тема: Јас бев, јас сум и јас ќе бидам ученик во Гимназијата „Кочо Рацин“.

1

 

Домаќини беа младите актери и режисери: Ненад Витанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски и Талија Настова, сите некогашни ученици на Гимназијата. Покрај нив своите искуства од гимназиското образование ги пренесоа и нашите ученици од Гимназијата.

Наши гости беа учениците деветтоодделенци од основните училишта од нашиот град со предметните наставници по македонски јазик и литература.

Присутните на отворениот час ги поздрави директорот на Гимназијата, господин Гоце Алексоски, кој ги запозна со поводот за организација и реализација на овој час.

Во пријатна и опуштена атмосфера, некогашните, сегашните и идните ученици ги разменија своите искуства и впечатоци за образовниот процес во Гимназијата и предностите кои им ги нуди гимназиското образование.

Стручен актив по македонски јазик и литература

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den