Во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на Гимназијата, денес се одржаа спортски активности организирани од Активот по спорт. Гимназиската и фитнес салата беа исполнети со ученици деветтоодделенци и средношколки кои учествуваа на натпреварите во одбојка
и зумба активностите.

Настанот се одвиваше во позитивна и мотивирачка атмосфера, при што деветтоодделенците имаа можност непосредно да се запознаат со дел од програмските содржини што се реализираат на часовите по преметот Спорт и спортски активност, како и со современите просторни услови со кои располага Гимназијата.
Изразуваме искрена благодарност до колегите – водачи на екипите, учениците, како и до директорите кои со своето присуство придонесоа за успешна реализација и збогатување на овој настан.







