НАУЧЕН ФИЛМСКИ КАРАВАН
На 19 и 21 март 2019 година, Гимназија „Кочо Рацин“, во соработка со Градската библиотека „Гоце Делчев“, организираше кино-проекции за деветтоодделенците. Настанот беше наменет за надградување и унапредување на научната писменост, како и промовирање на науката.
Деветтоодделенците беа во можност на необичен и забавен начин да дознаат повеќе за иновациите што ги нудат науката и техниката, пред сè од областите на физиката и астрономијата, а со тоа и да се разбијат предрасудите за природните науки.