На ден 26.2.2026 година, во Штип се одржа регионалниот натпревар по Германски јазик организиран од страна на здружението на наставници по Германски јазик. Учениците се натпреваруваа во четири различни нивоа.
Нашите ученици: Митковски Андреј од 4-1 клас и Севдинова Дејана од 2-1 клас се закитија со втора награда, а Андреев Лука од 2-2 клас, со трета награда. Според постигнатите резултати, учениците ќе учествуваат на државниот натпревар што ќе се одржи на 14 март 2026 година.
️Со среќа на натпреварот.
Успех, ништо помалку!






