ПАРАДА НА МИРОТ – „СТОП ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод 21 Септември – Светскиот ден на мирот, СОУ „Гимназија Кочо
Рацин“ – Велес, во рамките на проектот „Мировно образование“, во соработка
со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, на 21 септември 2026 година, по
тринаесетти пат ја организираше „Парадата на мирот“, под мотото „Стоп за
врсничкото насилство“.
Годинава, учениците од гимназијата, заедно со учениците од деветто
одделение, испратија јасна порака: мирот започнува таму каде што завршува
омразата.
Со своите пораки, младите повикаа на почит, прифаќање, емпатија и
безбедна средина за секој ученик:
„Биди причина некој да се чувствува безбедно, а не уплашено.“
„Секое насилство е пораз, секој мир е победа.“
„Насилството остава рани, мирот остава траги.“
„Модриците ќе исчезнат, но болката ќе остане.“
„Нека наместо солзи има насмевки, наместо страв – надеж, а наместо омраза
– љубов. Тоа е вистинскиот мир.“
Парадата беше уште еден потсетник дека против насилството не треба да
молчиме. Со зборови на разбирање, со почит и со заеднички чекори можеме
да создадеме свет во кој секое дете ќе се чувствува безбедно, прифатено и
вреднувано.
ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО. ЗАЕДНО ЗА МИРОТ!

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den