Во рамките на консултативниот процес на Локалниот младински совет на Општина Велес за креирање на годишната програма за работа на истиот во календарската 2027 година, на 23.09.2026 година, во нашето училиште се одржа состанок со Ученичкиот совет и претставници од Локалниот младински совет и Службеникот за млади во Општина Велес. Членовите на Ученичкиот совет имаа можност да ги претстават своите идеи, сугестии и предлози кои се поврзани со потребите и приоритетите на младите луѓе од нашата оштина со претставниците на Локалниот младински совет на Општина Велес.







