Учениците од СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“ и оваа година беа вкучени во дел
од активностите на 3. Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“. Оваа година тие беа
вклучени во афористичкиот караван, кој допатува и во нашето училиште, како и со
настап на отворањето на Фестивалот. Јордан Хаџи Константинов Џинот бил првиот
македонски автор кој пишувал афоризми. Најбројни се оние за човекот. Учениците:
Теодора Ристовска, Јована Сиљановска, Ива Ќимова, Стефанија Станковска, Вероника
Ѓошова и Љубе Лазов, читаа дел од тие афоризми на отворањето на годинешното
издание на фестивалот.
Ученици од прва до четврта година беа домаќини на група афористичари, гости
на фестивалот, кои се претставија со свои афоризми. Со афористичкиот караван како
гости ни пристигнаа: Никола Мрдак од Црна Гора, Ацо Ѓорѓиев и Ристо Филчевски од
Струмица, Витомир Долински од Струга и Атанас Крлевски од Велес. Тие прочитаа дел
од своите афоризми. Професорката по Македонски јазик и литература, Соња Карбева,
ги запозна учениците со најважните податоци за афоризмот како литературен вид.







