„ ЧУВАЈ ГО МИНАТОТО – СОЗДАЈ СИГУРНА ИДНИНА!”

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод 20 години од постоењето на ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ „ РАЗБОЈ”,со
поддршка на локалната библиотека „ Гоце Делчев” – Велес беше распишан
литературен конкурс на тема: „ЧУВАЈ ГО МИНАТОТО – СОЗДАЈ СИГУРНА
ИДНИНА! ”
На истиот младите творци од основните и средните училишта преку поезија и
проза имаа можност да творат на теми посветени на Велес, неговото културно
наследство, традицијата и вредностите што ги носиме со себе.
Ученици од нашето училиште земаа учество во двете категории – поезија и проза.
Ученикот Ангел Димов од III – 2 клас под менторство на професор Весна Павлова
постигна втора награда во категорија поезија.
Во категорија проза ученикот Ангелче Миланов од I -1 клас постигна втора
награда под менторство на професор Александра Стојановска.
Наградите на најуспешните ученици им беа доделени на 8.10. (четврток)во
Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.
Честитки за нашите ученици!

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den