ЕДУКАЦИЈА: ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЕДУКАЦИЈА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
НА ТЕМА: ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ

Во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа едукација на тема: „Превенција од болестите на зависност“. Едукацијата беше организирана од Средношколската заедница при Гимназијата, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Велес.

На предавањето беа присутни ученици од прва до четврта година. Тие можеа да се запознаат со разните видови дроги како: марихуана, кокаин, хероин, хашиш и разни видови екстази. Учениците имаа можност да научат за сите несакани и штетни ефекти што ги предизвикуваат болестите на зависност, со акцент ставен на дрогите.

Овој начин на едукација на младите се покажува како најдобра форма на превенција. Преку примери и фотографии од познати личности, тие директно ги гледаа штетните последици од овие болести.

Едукацијата ја спроведе д-р Мартин Хаџи-Наумов, волонтер во Црвениот крст на Општинска организација Велес.

Одговорeн професор:Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den