ПРОЕКТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА МИГРАНТИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС
DEVCULT (Developing cultural bonds between European citizens and refugees)
Гимназија „Кочо Рацин“ во наредните две години ќе биде партнер во проектот DEVCULT (Developing cultural bonds between European citizens and refugees). Истиот е во клучна акција 2, стратешки партнерства за иновации во областа на образованието. Координатор на проектот е ВУЗФ – универзитет од Софија, а партнери се организации и универзитети од Шпанија, Кипар и Штип.
Училиштата низ Европа се соочуваат со сè поголем број деца кои се родени и пораснати во други држави. Затоа, интеграцијата на мигранти е многу важна за политичката агенда на ЕУ преку образовниот процес кој има клучна улога да ја спроведува истата кај учениците.
Проектот DEVCULT има за цел да предложи ефективни решенија за интеграција, социјална инклузија и поврзување на овие групи на популација во европските училишта, како и да ги зајакни компетенциите на наставниците за поголема интеракција помеѓу самите нив, учениците и родителите кои се дел од мултиетничката средина.
Според Европската комисија, заедничките проблеми на сите ЕУ-членки се недостаток на обучени наставници, посебно во почетните одделенија и нивен тренинг за интеграција на мигранти во училниците; многу мала застапеност на меѓукултурното образование; голем дел од мигрантите и бегалци се млади и недоволно образовани; предрасудите што се присутни во училиштата и општествата.
Погоре наведените предизвици се оние на кои се однесува проектот DEVCULT преку развивање на нова методологија, Прирачник и обука, како и електронска компонента за наставниците со цел да се намали културниот јаз во училиштата и да се прифати подобра соработка и меѓукултурен дијалог.
Интелектуалните производи на проектот се:
– концептуализација и дефинирање на проектната рамка која ќе доведе до „Основни елементи за методологија и извештај“ кој ќе биде изработен од секоја партнер држава;
– Прирачник за наставници за создавање на позитивни врски во училиштата;
– тренинг-обука за наставници со компонента за е-учење.
Координатор: Христина Леова