На ден 4.11.2026 година, во големата сала на Општина Велес, се одржа едукативна трибина во организација на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.
На настанот активно учество зедоа ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, заедно со одговорниот професор за превенција на детско престапништво.
Преку стручни излагања и дискусии беа опфатени значајни теми како: врсничкото насилство, безбедноста на интернет, превенцијата од зависности, безбедноста во сообраќајот и улогата на спортот во спречувањето на пороците.
Со едукација, свесност и одговорност градиме побезбедна иднина за младите!


