Младите – активни учесници во креирањето на иднината на Велес!
На 4.11.2026 година, во електронската сала на Општина Велес, ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес учествуваа на консултативна средба со претставници од Општина Велес, во рамките на подготовката на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година.
На средбата младите имаа можност да ги споделат своите идеи, ставови и предлози за подобрување на условите за образование, вработување, претприемништво и квалитетот на животот во општината.
Гласот на младите е важен! Нивните идеи и визии се темел за создавање подобра, поуспешна и поперспективна иднина на Велес.


