Одбележување на 20 март, Светскиот ден на среќата и 21 март, Светскиот ден на поезијата

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележување на 20 март, Светскиот ден на среќата и 21 март, Светскиот ден на поезијата

Во рамките на проектот „Мировно образование“ и активностите за промовирање на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“- Велес, пред деветтоодделенците од нашиот град, вчера беа одбележани двата датума, 20 март, Светскиот ден на среќата и 21 март, Светскиот ден на поезијата.

На настанот беа интерпретирани лични творби на креативните гимназијалци, од прва и трета година, а потоа и поетски творби од македонските писатели, Петре М.Андреевски и Божидар Јовиќ. Убавиот пишан збор, подобро звучеше со прекрасните музички звуци, испеани од гимназијалците.

Настанот, предизвика големо воодушевување кај гостите од средните училишта од Турција, Полска и Португалија, кои оваа недела реализираат активности во рамките на еден од Еразмус проектите.

Одговорeн професор:Магдалена Сарагинова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den