20 Март, Светскиот ден на среќата и 21 Март Светскиот ден на поезијата

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

По повод одбележувањето на 20 Март, Светскиот ден на среќата и 21 Март
Светскиот ден на поезијата, Училишнта заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, под
менторство на професорката по Македонски јазик и литература распиша литературен
конкурс на тема „За среќа е потребно малку“. Прекрасните стихови од своите лични
творби напишани на македонски јазик, учениците: Јана Пљокова, Александра Чатмова и
Нина Митевска ги интерпретирааа пред своите соученици и професори во училиштето. Со
своја лична творба напишана на германски јазик се претстави ученикот Кристијан
Трајковски. Преку своите творби учениците упатија порака дека среќата е важен дел од
нашиот живот и е насекаде околу нас. За да бидеме среќни, треба и да веруваме дека
сме среќни.
Во музичкиот дел на програмата настапи ученикот Михаил Петковски со вокална и
инструментална интерпретација под менторство на професорот по Музичка уметност,
Атанас Зафиров. Ученикот Јаков Ѓоргоски ја презема улогата на водител на настанот кој
се одржа во холот на училиштето.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: