21 Февруари – Меѓународениот ден на мајчиниот јазик

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

21 февруари е Меѓународениот ден на мајчиниот јазик. Се одбележува во
земјите низ светот, а за меѓународен е прогласен е на XXX седница на
Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 год.
По тој повод, Младинскиот центар во соработка со Европската куќа –
Велес и со поддршка на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, организираше
работилница за значењето на мајчиниот јазик.
На работилницата поканети беа ученици од сите средни училишта од
општина Велес.Свое обраќање пред присутните имаше директорката на
библиотеката, Снежана Бошевска, а потоа модераторот на работилницата,
професорката Магдалена Сарагинова. Пред присутните ученици,
професорката говореше, за потеклото, развојот низ вековите како и за
значајните карактеристики на македонскиот јазик, по кои тој се разликува од
другите балкански јазици. Таа потенцираше дека сите ние, а посебно младата
генерација, нашата иднина, треба да го цениме, почитуваме, чуваме, негуваме
и употребуваме македонскиот јазик, зашто тој е наша светост, наше богатство,
наш идентитет, наша татковина.
Едукативната работилница продолжи со квиз натпревар, преку кој на
забавен начин, учениците ги утврдија и проверија своите знаења за
македонскиот јазик, за што добија и благодарници.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den