Под мотото „Повеќе слични, отколку различни“, Гимназијалците од трета година се
вклучија во одбележувањето на 21 Март – Светскиот ден за лицата со Даунов синдром.
Учениците за време на настанот проследија предавање во кое беа запознати со
карактеристиките кои се типични за лицата со Даунов синдром. Предавањето го одржа
Ленче Перчинковска, специјален едукатор и рехабилитатор.
Во одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се вклучија следниве
ученици од трета година: Верица Ѓоргоска, ЕленаТеова, Димитар Тевчев, Марко
Поптодоров, Ангелина Босилкова, Надица Атанасова, Мелани Сарагинова, Јован
Ѓошевски, Ања Тевчева, Марија Арсовска,Тодор Недев, Ане Најдовски, Афердита Јонузи,
Ајтен Бакиовска, Енсар Сељмани и Ризван Ахмети.
Гимназијалците на крајот од настанот испратија силна поддршка кон овие исклучителни
лица и нивните семејства.Целта на настанот е подигнување на јавната свест за прифаќање
на различностите и инклузираност на овие лица во сите сфери во општеството.