26 Септември – Денот на Европските јазици

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Денес во нашето училиште со учениците од билингвалната паралелка се
одбележа 26 Септември – Денот на Европските јазици. Пред Гимназијалците,
учениците од оваа паралелка под менторство на професорката Благица
Аризанова – Шопов, се претставија со презентации за историјата на јазиците и
мултилингвизмот, како и повеќе интерактивни квизови и асоцијации на англиски
јазик. Денот посветен на јазиците беше збогатен со рецитирање на поезија на
германски јазик под менторство на професорката Жанет Јанев – Сарагиновски.
Музичка композиција на француски јазик интерпретираше ученичката Ива
Ракиџиева под менторство на професорката Билјана Миланова.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den