Учениците: Нина Митевска, Ива Ракиџиева, Зулфије Јакупи, Бојана Алексовска и
Јаков Ѓоргоски со одговорните професори Весна Павлова, Билјана Миланова и
Линдита Маликова беа дел од настанот по повод одбележувањето на 26
Септември – Европскиот ден на јазиците, кој се одржа во Локалната библиотека
„Гоце Делчев“. Во улога на водители настапија учениците Нина Митевска и Јаков
Ѓоргоски.Со рецитирање на песни на албански и руски јазик се претставија
учениците Зулфије Јакупи и Бојана Алексовска, а музичка композиција на
француски јазик интерпретираше ученичката Ива Ракиџиева. На крајот од
настанот сите ученици од основните и средните училишта во градот изработија
постер на кој зборот мир го напишаа на неколку европски јазици.