ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 75 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 75 ГОДИНИ ОД ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Учениците од нашата Гимназија секогаш со задоволство ја прифаќаат поканата од Општинската организација на Сојузот на борци од Велес, да учествуваат при одбележување на значајни настани од нашата национална историја.

{besps}stories/ucebna2018_2019/75pohod/sliki{/besps}

 

На 21 февруари 2019 година, во месноста Камила, пред споменикот подигнат во чест на борците-учесници во Февруарскиот поход, беше одбележан јубилејот – 75 години од организирањето на оваа значајна борбена акција. Со едноминутно молчење и положување цвеќе, им беше оддадено признание на храбрите борци за слободата на нашата земја.

Во походот учествувале борците од воените формации од цела Македонија. Тој, како воена операција, одиграл значајна улога во подигањето на воениот морал и го разгорил вооруженото востание низ цела Македонија. Како резултат на неговото успешно реализирање, се создала и поголема слободна територија. Февруарскиот поход ја подигнал борбената свест и ги забрзал борбените операции за конечно ослободување на Македонија од мрачните сили на фашизмот.

Учениците од нашето училиште беа вклучени во културно-уметничкиот дел од програмата: Симона Мицова и Ева Стојанова, преку историско сеќавање, ги потсетија присутните на подготовките, текот и придобивките од значајната воена операција, која според времето кога се одвивала, го добила името Февруарски поход. Петар Андреев, Кире Ацевски и Бојана Василковска читаа стихови од македонски поети со патриотски мотиви. Програмата ја водеше ученичката Кристина Ончева.

Одговорни професори, Соња Карбева, Весна Павлова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den