Во рамките на меѓународната соработка на Access Програмата, беше одржана едукативна работилница наречена „Караван Виа Игнација”. На работилницата учениците имаа можност да се запознаат лично со креаторот и дизајнерот на друштвената игра „Виа Игнација”, г-дин Иван Мицковски, да се „преселат” во времето на XVIII век на Балканот. Преку едукативниот карактер на играта, решаваа авантуристички предизвици, се справуваа со разбојници и со јазични бариери, но учеа и за различните култури и гледишта на градовите кои се наоѓаат на познатиот пат Виа Игнација.
Друштвената игра е дизајнирана од Фондацијата Виа Игнација од Холандија и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје.
Играта ќе биде претставена пред сите ученици од сите Access градови во државата. Секоја Access група добива по три комплета од играта, кои понатаму ќе може да се користат и од останатите ученици од средните училишта каде се спроведува Access Програмата, во рамките на часовите по граѓанско образование, географија, историја, активности насочени кон почитување на различностите, поттикнување на креативноста, логичкото размислување и меѓусебната соработка.
Во месец септември 2025 година, оваа игра ја доби наградата за Иновативни наставни методи во рамките на Европската Комисија.
Групата од Access Велес имаше инспиративан и несекојдневен час, исполнет со забава, игра, учење и патување низ минатото.
Дополнителни информации за проектот „Виа Игнација“ и насоки за правилата на играње на самата игра, може да се најдат на следните линкови:
https://mcgo.org.mk/the-via-egnatia-project-reviving-a-road-that-connects-people/
https://mcgo.org.mk/heritage-meets-innovation-the-story-of-caravan-via-egnatia/
https://mcgo.org.mk/caravan-via-egnatia-innovation-in-learning-inspired-by-history/







