На ден 7.10.2024 година во нашето училиште се спроведе гласањето од страна на учениците од прва до четврта година за избор на претседател на Училишната заедница. Кандидатите Андреј Божиновски од 3-2 клас и Кристијан Мартинов од 3-3 клас, со своите тимови во изминатиот период пред Гимназијалците ги презентираа програмите и идеите за работата на Училишната заедница. Врз основа на резултатите од гласањето на учениците, за претседател на Училишната заедница е избран ученикот Андреј Божиновски од 3-2 клас. Му посакуваме успешно да ги реализира планираните активности во соработка со учениците и наставниците во Гимназијата.