Денес, директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Илија Попов, беше почестен со благодарница која му беше доделена од Општина Велес за креативен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес и афирмација на Општина Велес преку квалитетна едукација на млади.
Благодарницата му ја додели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, преку која ја истакна професионалноста, посветеноста и креативноста на учениците и наставниот кадар.
Со бројни награди постигнати на државно и меѓународно ниво, признанија, хуманитарни акции, проектни активности, меморандуми за соработка, спортски подвизи и аплаузи кои се уште одзиваат од одиграните театарски претстави, Гимназијата ја одбележа 2023 година како година на творечки порив и креативна енергија.