Благодарница за креативен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес и афирмација на Општина Велес преку квалитетна едукација на млади

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Денес, директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Илија Попов, беше почестен со  благодарница која му беше доделена од Општина Велес за креативен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес и афирмација на Општина Велес преку квалитетна едукација на млади.

Благодарницата му ја додели градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, преку која ја истакна професионалноста, посветеноста и креативноста на учениците и наставниот кадар.

Со бројни награди постигнати на државно и меѓународно ниво, признанија, хуманитарни акции, проектни активности, меморандуми за соработка, спортски подвизи и аплаузи кои се уште одзиваат од одиграните театарски претстави, Гимназијата ја одбележа 2023 година како година на творечки порив и креативна енергија.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: