На 29.09.2026 година, учениците од хорот и оркестарот при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, под менторство на професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров, учествуваа на отворањето на втората Меѓународна научна конференција одржана во Технолошко-техничкиот факултет во Велес при универзитетот Св.Климент Охридски. Учениците се претставија преку изведба на државната химна и композиции од популарните жанрови.







