Чествување на 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, учениците:Ива Ќумбева, Сара Ристовска, Леа Таратакова и Филип Таневски од 4-3 клас со одговорниот професор Весна Павлова, присуствуваа на дискусијата на тема „Независноста вчера, денес и утре “ која се одржа во просториите на „Европска куќа“ во Велес.
На дискусијата, реализирана од општина Велес, присутните претставници се обратија на поканетите гости и ги запознаа со темата планирана за дискусијата наменета за младите во градот.
Присутните ученици од сите средни училишта од градот имаа можност да ги искажат своите мислења за секојдневното живеење во нашата држава и своите идеи за подобрување на животот во истата. Имавме можност да слушнеме прекрасни идеи и размислувања од страна на младите за реализирање на нивните амбиции и желби.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den