На ден 14.10.2025 година, во нашето училиште се одржа работилница на која присуствуваа ученици од прва до четврта година. Работилницата ја водеа претставници од Brainster Next College. Тие на учениците им презентираа информации за условите и можностите кои колеџот им ги нуди на своите студенти. Претставниците од колеџот ги запознаа нашите ученице и за условите за учество на натпреварот кој се одвива под мотото „Дали имаш идеја вредна 1.000.000 денари“, најголемиот тековен бизнис натпревар за средношколци во државата.Натпреварот е организиран од NU Академиите за талентирани средношколци и Brainster Next College – првиот практичен факултет за дизајн и IT. Победниците на натпреварот, кои ќе ја презентираат најдобрата и најиновативната бизнис идеја, ќе бидат наградени со сума од 1.000.000 денари.Ги охрабруваме нашите Гимназијалци да ја покажат својата иноваивност и да учествуваат на натпреварот.







