Дводневна наставно – научна екскурзија, за учениците од втора година во учебната 2024/ 2025 година

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На 21 и 22 мај се реализира, наставно-научна екскурзија, за учениците од втора
година, организирана со цел, учениците поблиску да се запознаат со културното и
духовното наследство на нашата татковина.
Учениците и нивните класни раководители, предводени од Туристичката агенција
„Мартин Травел“ ја започнаа екскурзијата со разглед на Тетово и посетат на
прочуената „Шарена Џамија“ каде учениците имаа можност да го посетат
вистинскиот бисер на исламската уметност и архитектура. Патувањето продолжи
кон манастирот „Свети Јован Бигорски“, духовно средиште со длабоки корени во
македонската историја, каде учениците уживаа во мирот, тишината и прекрасната
иконостасна уметност. Наша следна дестинација беше женскиот манастир „Свети
Ѓорѓија“ во селото Рајчица, каде учениците имаа можност да ја почувствуваат
духовната атмосфера и да уживаат во прекрасната глетка кон Дебарското Езеро.
Патувањето продолжи кон Струга, каде учениците, поминаа пријатни моменти во
заедничко дружење и релаксација покрај реката Дрим и прекрасниот поглед кон
Охридското Езеро. Во вечерните часови, групата се упати кон хотелот
„Интернационал“ во Охрид, каде по сместувањето и вечерата, учениците имаа
можност, за забава и дружење во пријатна атмосфера во дискотека.
На 22 мај, по појадокот, денот започна со разгледување на градот Охрид со
локален туристички водич. Учениците ги посетија најзначајните, највредните
културно-историски споменици, на средновековната уметност на Балканот.Тука
учениците слушнаа за богатата историја на црквите и нивната значајна улога во
развојот на писменоста и духовноста. По разгледот на Охрид, учениците се
упатија кон манастирот „Св. Наум“, каде го разгледаа манастирскиот комплекс, и
уживаа во прекрасната дружба и недопрената убавина.
По убаво поминатото време, исполнето со учење, духовно збогатување и многу
нови впечатоци, учениците се упатија кон родниот град, носејќи со себе
незаборавни искуства и скапоцени спомени од оваа екскурзија.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den